Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

Од:

Вкупно 12 лица се повредени, од кои четворица потешко, кога воен авион од Мјанмар, кој доаѓал да земе војници во Индија, се излизгал од пистата при слетување.

Станува збор за авион Шанкси И-8 од кинеско производство, а инцидентот се случил на аеродромот Ленгпуи во индиската држава Мизорам, која граничи со Мјанмар.

Авионот дојде да земе 92 мјанмарски војници кои нашле засолниште во Индија во средината на јануари, бегајќи од напредувањето на вооружените бунтовници кои се борат против владејачката хунта.

Тоа е последниот контингент од 276 војници кои побегнале под притисок на бунтовниците.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 2.056, а повредени се над 3.900 лица

Горан Наумовски

Нова драма во главниот град на Тајланд неколку дена по катастрофалниот земјотрес во Мјанмар

(ВИДЕО) Страв на врвот на облакодер: Чистач на прозорци го преживеа разорниот земјотрес

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Двјаца мажи спасени по 40 часа под урнатините во Мјанмар

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Нема медицински материјали, хунтата продолжува со нападите: Мјанмар ги пребројува жртвите од разорниот земјотрес

(ВИДЕО) Уживаа во базенот на покривот од зградата, а потоа наеднаш бранови: Паника за време на земјотресот во Бангкок

Предраг Петровиќ