Пакистанец во Шпанија убил три лица кај кои живеел како потстанар

Од:

Шпанската полиција ги истражува околностите околу убиството на три лица. Цивилната гарда уапси 42-годишен маж со пакистанско потекло, идентификуван како Дилавар Хусаин Ф.Ц. Тие објавија дека 42-годишникот се предал и ги признал убиствата.

Телата на Хозе Гутиерез Ајус (77) и неговите сестри Амелија (67) и Анхелес (74) беа пронајдени во нивниот дом минатата недела. Телата биле делумно изгорени. Тројцата живееле заедно во Мората де Тајуњо, град со околу 8.000 жители југоисточно од Мадрид, пишува Би-Би-Си.

Цивилната гарда истакна дека се чини дека мотивот на злосторството бил долгот што жртвите го имале кон осомничениот.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Скопје: Пукал во познаник, тешко го ранил во стомакот

Горан Наумовски

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Нови Сад: Со моторна пила и ја исекол главата на мајка си

Горан Наумовски

Обезглавено тело на жена е пронајдено во семеен дом во Нови Сад

Горан Наумовски

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите