Викторија Бекам ќе ја создаде облеката за филмот „50 нијанси сиво” според книгата на Е. Л. Џејмс.
39-годишниот модел и дизајнер ќе создаде колекција на секси облека за студентката Анастеасија Стил и бизнисменот Кристијан Греј.
“50 нијанси сиво” ќе биде повеќе од филм”, изјави извор за британските медиуми, кој откри дека сопругата на Дејвид Бекам е фаворит за облеката на актерите.
Креаторите на филмот разгледувале неколку опции на модни куќи, меѓу кои Долче и Габана, Келвин Клајн и Марк Џејкобс.
Викторија е љубител на еротскиот роман и признава дека дури дала примерок од него на мајка си.