СДСМ: Советниците од ДПМНЕ по групи договараа како да ги изиграат вработените во ЈСП

Од:

Додека Скопје немаше автобуси и луѓето не можеа да стигнат никаде навреме, додека надвор на улиците мрзнеа вработените во ЈСП, советниците на ДПМНЕ по групи договараа како да ги изиграат. Диктати и насоки давал и Илија Димовски. Идентично како во време на режимот на ДПМНЕ, велат од СДСМ од каде објавија и фотографија за која велат дека ги потврдува нивните тврдења.

– Од една страна се противат на одлуката да им се доделат субвенции, од друга страна се потсмеваат со тешката состојба на вработените во ЈСП во која токму ДПМНЕ ги стави. Воопшто не му е гајле на ДПМНЕ ниту за граѓаните ниту за работниците. Без чувство, без срам… За ДПМНЕ апелот и крикот за плата за која работеле вработените во УЈП е средство за поигрување со работниците и можност за „зезнување“. Само заради лични хирови на Мицкоски! Граѓаните се потсетија на режимското време на ДПМНЕ. Ништо се нема променето во ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара