Левица: Пратеникот Крмов во Чашка против насилието на Шаќири и ДУИ

Од:

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, заедно со советникот во општина Велес, Димитар Абрашев, денес беа дел од протестите на родителите во општина Чашка, кои подолго време протестираат против самоволието на директорката Елена Николова.

Пратеникот, заедно со родителите, три часа протестираше пред училиштето „Тодор Јанев”, каде директорката Николова НЕЗАКОНСКИ се обидува да воведе албанска паралелка. Левица неколку пати алармираше дека не се исполнети законските услови за воведување на албанска паралелка и дека ваквото безаконие на најнеспособниот министер за образование НЕМА да помине!

Наместо министерот Шаќири да обезбеди учебници за учениците и неговото министерство да инвестира во реконструкција на руинираните училишта, каде во мизерни услови учат и Македонците и Албанците – овој функционер на ДУИ единствено што работи е да шири меѓуетнички тензии додека грубо ги прекршува законите.

Пратеникот Крмов на протестот јавно ја истакна поддршката која ја имаат родителите против дивеењето на ДУИ. Директорката Елена Николова беше придружувана од кордон полиција и иако истата се обидуваше со навреди кон присутните да влезе во училиштето – сепак групата родители цели три часа не дозволи Николова да влезе во објектот. Николова за ваквото одработување за ДУИ доби и соодветна награда, па нејзината ќерка се вработи во Просветен инспекторат.

Левица ќе продолжи со сиот свој капацитет да се бори против насилието на амнестираната банда од ДУИ, која се додека постои на политичката сцена, ќе биде фактор на ширење меѓуетнички тензии и нестабилност во Републиката, соопштуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он