Стојановски: Од советот зависи дали ќе има нормален јавен превоз во Скопје

Од:

Како ќе функционира јавниот превоз и како ќе се однесуваат вработените во ЈСП зависи од седницата на градското собрание, во која не се гласаат субвенциите за ЈСП и нашата судбина, вели Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на вработените во ЈСП Скопје.

„Советниците веќе неколку месеци ја ескивираат и не ја нсоат одлуката за субвенционирање на буџетот. Ако денеска седницата заврши како што вработените сакаат, тогаш попладне и навечер, јавниот превоз ќе функционира нормално. Ако се донесе парцијална одлука, месец за месец, тогаш јавниот превоз нема да се одвива во Скопје“, кажа Стојановски.

Според него и приватните превозници зависат од субвенциите кои градот ги дава кон ЈСП. Проценува дека има околу 400 вработени во ЈСП на предупредувачкиот протест, што смета дека е доволен број на луѓе кои го искажуваат незадоволството.

Градскиот превоз не функционира од 9 часот утринава, поради штрајкот на вработените за неисплатената плата за декември.

Членовите на Синдикатот кажаа дека исходот од вонредната седница на советниците ќе го чекаат пред просториите на Град Скопје, од што пак зависи дали ќе се нормализира одвивањето на јавниот градски превоз.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Дел од автобусите на приградските линии на ЈСП не одат до крајните дестинации

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Јавниот превоз ќе се одвива по неделен распоред, со исклучок на 10 линии

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред