ТИ: Граѓаните најмногу се жалат на корупција во судството

Од:

Најмногу пријави за корупција има од областа на судството, а во последно време и за корупција во полицијата, се вели во извештајот на Транспаренси Интернешнл – Македонија кој денес го презентираше претседателката Слаѓана Тасева.

Пријавителите најчесто се самите жртви. Кај граѓаните постои страв бидејќи не се заштитени со закон, или немаат доверба во институциите, иако според Глобалниот корупциски барометар, 82% од интервјуираните граѓани се подготвени да се борат против корупција.

Од јануари 2010 година до септември 2013 година, ТИМ добиле вкупно 1049 пријави, односно 274 во 2010, 220 пријави во 2011 и од јуни 2012 до септември 2013 – 549 пријави, во Центарот за совети и правна помош во Скопје, Тетово и Штип.

До ТИ-Македонија, најмногу поднесители има од Скопскиот регион – 29%, од Источниот 16%, од Полошкиот 11% и Пелгонискиот 10%.

Тасева рече дека загрижувачки фактор е што само 11 од вкупно 58 општини имаат поставено телефонски линии за пријавување корупција, при што, само во пет општини линиите се бесплатни. Во 41 општина има назначено лице задолжено за неправилности и сомнежи за измами или корупција, додека 16 општини немаат, а една општина нема никаков одговор по ова прашање.

Би можело да ве интересира

Владата паднала од прво на 40. место според транспарентноста

Објавен индексот на отворени општини за буџетската 2020 година – Арачиново и Ранковце имаат најниско ниво на отвореност

А1он

Министерство за информатичко општество и администрација најтранспарентното министерство во регионот

А1он

Владините заложби за транспарентност даваат резултати и тоа ме радува, соопшти Заев на Фејсбук

Жарко Настоски

Владата ќе ја зголемува транспарентноста на институциите и општините

Жарко Настоски

Истражување: Владата може да биде потранспарентна околу буџетските трошења во образованието

Жарко Настоски