Данијела Нешиќ, помошник директор на Здравствениот дом во Ниш, денеска најави дека здравствената установа ќе ги преземе законски пропишаните мерки против пациентката Катарина Ѓ. поради провокативните и навредливи фотографии и видеа што ги направила за време на паузата во една од одринациите на службата за општа медицина.
Нешиќ напиша дека пациентката дошла бидејќи требало да прими инјекција.
„Со оглед на тоа што ваквото однесување нанесува голема штета на угледот на Здравствениот дом Ниш, како здравствена установа со углед , и поради провокативните и навредливи фотографии и видеото кое е понижувачко за нашата професија, ќе бидеме принудени да преземеме одредени мерки во рамките на законот“, изјави Нешиќ во објава на Фејсбук и сподели фотографии и видеа направени од Катарина Ѓ.
На едно од видеата што ги снимила старлетата се гледа како седи на маса во Здравствениот дом на место наменето за медицински сестри и ја средува својата долга коса, со едната рака го држи шприцот, а со другата ја отвора иглата. На тоа видео таа напиша „Кој е за боцкање“.
Катарина Ѓ. објавила и фотографија на која држи шолја кафе во просторијата каде што се води медицинската документација на пациентите.