Американскиот помошник-државен секретар О`Брајан пристигна во Скопје

Од:

Шефот на Одделот за координација на санкциите при Стејт департментот на Соединетите Американски Држави и именуван помошник-државен секретар за Европа и Евроазија Џејмс О’Брајан, денеска пристигна во земјава по повод учеството на лидерскиот состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан што ќе се одржи во Скопје.

Како што соопштија од СЕП, добредојде на О`Брајан му посака вицепремиерот Бојан Маричиќ и му се заблагодари за поддршката што Соединетите Американски Држави ја даваат на Северна Македонија.

Помошник државниот секретар О`Брајан е дел од Делегацијата на стратешките партнери на државата кои ќе учествуваат на лидерскиот состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан на Европската Комисија, чијшто домаќин е Владата на Република Северна Македонија, вечерва и утре во Скопје.

-Поддршката на САД кон Северна Македонија доаѓа секогаш во вистинско време, за што сме исклучително благодарни, рече вицепремиерот Маричиќ.

Во пресрет на лидерската средба посветена на Планот за раст на Западен Балкан, нашата држава ја има таа чест да ги поврзува сите учесници, делегациите на земјите од регионот и со тоа да ја покажеме нашата сериозна посветеност кон евроатлантската интеграција, развивање и просперитет на државата и на регионот, наведуваат од СЕП.

Би можело да ве интересира

Левица: Трет бран апанажи – ексфункционерите ќе ги чинат граѓаните околу еден милион евра

Маричиќ: СДСМ ќе биде силна партија во Собранието, а кој ќе биде власт и кој опозиција, ќе одлучат граѓаните

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

Маричиќ: Во нашата програма за млади ветуваме 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години

A1on

Маричиќ: Македонскиот јазик е засекогаш вграден во мозаикот на европските јазици, а ние никогаш нема да се откажеме од нашата европска иднина

A1on

Маричиќ: Исходот со министрите од АА, зависи од проценката на Џафери