Кејт Мос ќе позира за Плејбој за својот 40-ти роденден

Од:

Модната икона Кејт Мос за својот 40-ти роденден ќе позира гола за американското издание на списанието „Плејбој“.

Британската манекенка ќе се појави на насловната страница од јануарското издание, со кое ќе биде одбележана 60-годишнината од постоењето на ова машко списание.

Уредникот на весникот Џими Јелинек изјави за „Лос Анџелес Тајмс“, дека Кејт е „соврешена“ за „Плејбој“.

– Зборуваме за најпознатата светска манекенка на насловната страница на Плејбој. Таа е идеален партнер кој ќе ни помогне да издржиме и во следните 60 години, истакна Јелинек.

Воодушевен е и основачот на списанието, Хју Хефнер, додавајќи дека „таа е позната ширум светот, таа е икона, па со самото тоа и природен избор за нас“.

Ако може да им се верува на шпекулациите, „жешкото“ снимање веќе е завршено. Наводно Кејт позирала во традиционалната облека на Плејбој со кадифени зајачки уши.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски