Во воздушен напад врз Дамаск била погодена станбена зграда, а сириските медиуми обвинуваат дека Израел стои зад нападот.
Според сириската агенција Сана, израелската агресија целела кон станбена зграда во делот Мазе во Дамаск, каде се наоѓаат и неколку дипломатски мисии, меѓу кои и амбасадите на Либан и Иран.
Засега нема официјални информации за настрадани цивилни лица, додека пак невладината организација Сириска опсерваторија за човекови права, изјавила дека загинале најмалку пет лица.
Израел ретко признава дека делува воено врз делови од Сирија, иако неколкупати соопштиле дека цели кон милитантни групи поврзани со Иран.