Србин се обидел да влезе во Македонија со фалсификувани бугарски документи

Од:

На 19.01.2024 во 10.20 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.М.(53) од Република Србија.

При пасошка контрола и проверка, тој на увид приложил бугарска возачка дозвола и бугарска лична карта, за кои по извршени проверки било констатирани дека се фалсификувани.

Лицето било предадено во Полициската станица Куманово и во координација со јавен обвинител, Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово против него поднесе кривична пријава по член 378 од кривичниот законик – фалсификување исправа.

Би можело да ве интересира

Мицкоски пред Атлантскиот совет: За членство во ЕУ треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Србија отвори фабрика за израелски дронови, најавени уште три низ земјата

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка и селективна правда

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите