Двајца фанови на Мадона ја тужат ѕвездата дека поради доцнењето на концерт, нивното време било залудно трошено.
Мајкл Фелоус и Џонатан Хаден се изнервирале поради тоа што наместо во 20:30 часот, концертот на Мадона започнал дури после 22:30 часот. Тие биле разочарани од несовесното и нефер постапување на ѕвездата и организаторот, а дури и се сомневаат во измамнички практики.
Според фановите, ова однесување е прекршување на договорот и ветувањето кое ѕвездата го дала. Дополнително, тие се соочиле со компликации како залудно потрошено време, ограничен јавен превоз, зголемени трошоци за приватен превоз, па дури и доцнење на работа бидејќи концертот завршил по полноќ.