Скопјанец ја убил својата баба со удари по главата и вратот

Од:

На 18 јануари, во семејниот дом во Ново Лисиче, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата баба. Според првичните сознанија, тој ја нападнал удирајќи ја по главата и вратот, а потоа ја задушил, соопштува ОЈО.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоците и вештаците или да изврши друго убиство. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Крвава пресметка во Загреб – млад човек од БиХ убиен со два истрела

А1он

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Трамп објави видео од маж кој со чекан убива жена: „Ако го увезеш Третиот свет, стануваш Трет свет“

Горан Наумовски

Обвинетиот за убиството на Борјанка Николова го смени исказот – бара ослободителна пресуда

А1он

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Убиство во Гостивар, уапсен синот на жртвата