Рускиот претседател Владимир Путин се капеше во ледена вода, одбележувајќи го православниот празник Богојавление, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Да, тоа го направи за да го прослави Богојавление Водици според традицијата“, одговори Песков на прашањето дали претседателот се капел на еден од 15-те најголеми христијански празници, пренесува ТАСС.
Во 2018 година, Кремљ за прв пат објави дека Путин учествувал во Богојавленската бања. Според Песков, рускиот претседател и претходно ја почитувал оваа традиција, но таа не била обелоденета.
Минатата година, на Богојавление, Путин се капеше во ледена вода во Подмосковље. Православните христијани го слават Богојавление на 19 јануари, а во Русија тој празник традиционално е проследен со масовно капење во ледена вода во специјално исечени дупки во мразот.
Православните верници денеска го слават Богојавление-Водици, како спомен на настанот кога Свети Јован го крсти Исус Христос во Јордан.