Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

Од:

Наум Поцев од Крива Паланка е среќникот што годинава го извлече крстот од осветените води на Крива Река.

Чествувањето на денешниот голем христијански празник Водици-Богојавление почна со свечена Богојавленска литургија. Верниците од осум часот утрово присуствуваа на светата литургија во соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, по што се упатија кон мостот и кејот на Крива Река, каде свештенослужителите од Кумановско-Осоговската епархија, Кривопаланечко архиерејско намесништво ги осветија водите на реката.

По овој чин чесниот крст беше положен во водите, а најсреќен меѓу пријавените што успеа да го извлече богојавленскиот крст беше Наум Поцев за што доби подарок телевизор од Општина Крива Паланка, како и вредносен ваучер во вредност од 12.000 денари од „Зегин“.

По завршување на овој чин, на градскиот плоштад во Крива Паланка се одржа манифестацијата „Богојавление, Водици 2024“ со „Богојавленска софра“ од натпреварувачки карактер, богата трпеза за дегустација од страна на присутните и музичка програма.

Настанот го организираше Општина Крива Паланка со институциите од областа на културата – НУ Центар за култура и ЛУ Градски музеј Крива Паланка, а „Богојавленска софра” е во партнерство со „Гастромак”.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Во српскиот град Лозница светиот крст се фаќаше во машка и женска категорија

А1он

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он