Судски совет ќе ја враќа судијката Ристеска во Кривичен суд за да го спаси предметот Ласкарци

Од:

Судскиот совет свика итна седница за да се спаси предметот Ласкарци, бидејќи пресудата треба да се објави на 25 јануари, а судијката Александра Ристеска, која е член на советот, денеска положи заклетва за апелационен судија. Доколку таа замине во апелација, предметот ќе се врати од почеток.

Поради ова, претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, побарал таа да биде делегирана назад во Кривичниот суд, се додека не биде објавена пресудата.

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева вели дека со делегирање на Ристеска во Кривичен суд до објавување на пресудата, ќе се спаси предметот од повторно судење и одолговлекување.

„Јас оваа информација ја дознав во 13:24 часот првпат дознав дека објава е закажана за 25.1.2024 година. Иако од претседателот на Кривичен суд бил доставен допис. Тој побарал делегирање на судијата, но во тој допис немало датум на пресудата. Изложена пред тие факти, сметам дека оваа седница е важна бидејќи без неа, одлагање на пресудата, предметот ќе го врати од почеток. Јас како претседател ако имав информација, ќе ја одложевме заклетвата. Судијата беше на положување заклетва, но не ме извести за тоа“, рече Дамева.

Би можело да ве интересира

Мајката на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра се нејзини: Бостан, диња, пипер, ореви, се продавав

А1он

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов – Кривичен утре ќе одлучува за притворот

А1он

Фехми Стафа бара порано да го пуштат од затвор

Во Кривичен суд има 400 вработени помалку од предвиденото: фалат судии, поротници, административци и помошен персонал

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци

Кривичен: Осудениот Јане Боваровски за „Ласкарци“ согласно пресудата на Врховниот суд се ослободува од понатамошно издржување на казната затвор до донесување на нова одлука