Словенија воведува нова цена на вињетките според височината на автомобилот

Од:

Словенечката влада неодамна одобри од 1 октомври драстично да се зголемат патарините, со воведување на нов вид вињетки, што не постојат во ниту една земја во Европа. Имено, цената на вињетката се определува според височината на автомобилот, објави загрепскиот весник „Јутарњи лист“.

Според новата тарифа, од 1 октомври седумдневна вињетка за словенечките автопатишта ќе чини, како и досега, 15 евра. Но, ако височината на вашиот автомобил, измерена од земја до највисоката точка на капакот на моторот, е повеќе од 1,3 метра, неделната вињетка ќе ве чини 40 евра.

Досега никаде во Европа височината на автомобилот не беше критериум за определување на цените на вињетките, а патарината се пресметува според тежината на возилата.

Намерата на словенечките власти е јасна – сопствениците на минибуси и џипови да плаќаат повисоки патарини, забележува „Јутарњи лист“.

Словенечкиот автоклуб веќе остро реагираше, истакнувајќи дека е невозможно да се измери точно посочената височина, затоа што само мало поместување в лево или в десно ќе доведе до различни вредности. Освен тоа, во техничката спецификација на автомобилот производителите ја посочуваат само неговата генерална височина, но не и онаа што се употребува за определуње на патната такса.

Се очекува новата тарифа да предизвика протести меѓу автоклубовите и возачите во цела Европа.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија