Левица: Партиските потрчковци на Османи стануваат високи дипломатски претставници

Од:

Османи со години се однесува како МНР да е своевина на ДУИ во кое владее распашана банда. Целиот негов мандат како министер го проследуваат бројни дипломатски скандали, а изминативе месеци се работи на масовни вработувања и унапредувања во рамки на Министерството, каде единствен принцип за напредување е партиската припадност кон ДУИ.

Денес во јавноста протече информација дека негов партиски потрчко од Чаир, кој за заслуги поради трчање во кампања, добива место на Генерален конзул во Њујорк. Имено, Мухаби Синани, кој што само од пред неколку месеци е вработен во МНР, и нема ниту соодветно образование, уште помалку знаење и искуство, ниту пак стекнато високо дипломатско звање кое е законски услов за именување на генерален конзул, минатата недела веќе ги има одбрането тезите за упатување.

Според извори од Министерството достапни за јавноста, Синани во текот на оваа седмица треба забрзано да полага испити во МНР за унапредување од три нивоа нагоре, како неговото упатување би било приспособено на законските барања за упатување на ниво на генерален конзул, што е спротивно на сите принципи за кариерно напредување во Министерството.

Вработените во МНР сведочат на тоа дека ова не е единствен ваков случај на унапредување и вработување во Министерството, или назначување за раководители на директорати и испраќање на дипломатски претставници под партиски клуч, што го уништува угледот на МНР и служи исклучително за партизација на институцијата!

Левица жестоко ги осудува овие кадровски „потфати“ на Османи кои се косат со законските процедури и утврдените принципи на кариерен раст во МНР. Ова само ја потврдува неопходноста од кадровска ревизија, која веднаш мора да биде спроведена по паѓањето на режимот на ДУИ од власт и спроведување на внатрешна реформа, која ќе го врати угледот на Министерството и достоинството на дипломатските работници, наведуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Противкандидатот се среќава со Меџити, јас со скопјани – од таму ми беше и ќе ми биде поддршката

Горан Наумовски

Мециновиќ: Имаме јасен избор – статус кво или промена која сите заедно ќе ја изградиме

А1он

Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000 – можеби нашата борба е тешка, но е праведна

А1он

(ВИДЕО) Богевски: Мециновиќ влегува во вториот круг, исклучително сме задоволни од резултатите

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски се претставува како патриот, а го издигa иредентистот Касами кој јавно негира македонски национални симболи

А1он

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир