Трагедија на карпестиот брег на грчкиот остров Лезбос

Од:

Во гумениот брод што утрово се насука на карпестиот брег на грчкиот остров Лезбос, во близина на градот Агиос Георгиос Термис, загинаа двајца мигранти, а двајца се водат за исчезнати.

Според грчкиот национален сервис ЕРТ, од 36 патници, пет од нив паднале во вода, а двајца од нив, жена со африканско потекло и маж, биле пронајдени мртви. Двајца се водат за исчезнати, а еден маж е пренесен во болница, каде подоцна бил отпуштен.

Крајбрежната стража побарала помош од приватен нуркач за да ја пребара областа за двете исчезнати лица, но поради силните ветрови тоа не беше можно.

Триесет и двајца бегалци и мигранти кои беа пронајдени во околината и спасени се пренесени во Прифатниот и идентификационен центар (КИТ) Кара Тепе, каде што постапката за нивна регистрација ќе продолжи утре.

Би можело да ве интересира

Десетгодишно момче подметнувало пожари на Лезбос

Горан Наумовски

450 луѓе се евакуирани од Лезбос

Горан Наумовски

Голем пожар во јужниот дел на грчкиот остров Лезбос

Папата Франциск ќе го посети грчкиот остров Лезбос

Членови на невладини организации во Грција им помагале на мигранти да стигнат до Лезбос

Жарко Настоски

Два брода со мигранти и бегалци пристигнаа на грчкиот остров Лезбос

А1он