(ВИДЕО) Стоилковски: ЕУ и НАТО загрижени за корупција во М-НАВ и за безбедност на небото, лажната проевропска коалиција СДС – ДУИ сакаше да инсталира партиски војник без квалификации за директор

Од:

Лажната проевропска коалиција СДС и ДУИ не престанува да ја срами и скандализира Македонија во меѓународните очи, со заштита и поддршка на партиските банди. Цела недела лажната проевропска коалиција бега од вистинско правно -политичко приоѓање кон загрозување на меѓународниот авиосообраќај над Македонија. Лажната проевропска ориентација на СДС и ДУИ е до толку поголема, што цела недела НАТО држави се загрижени за безбедноста на македонското небо, а ЕУ бара итно расчистување на корупцијата, кронизмот во Македонската навигација, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– А, каков е одговорот на лажните проевропејци од СДС- ДУИ? По цела недела укажувања, Владата се обидува повторно да инсталира член на партиските банди за директор без потребни квалификации! По цела недела укажувања, нема вистински правен одговор за Загрозување на меѓународниот авиосообраќај. Цела недела мина од насилниот упад на партиска банда на ДУИ предводена од Беким Незири и 7-мина од блиските на врвот на ДУИ, цела недела нема правна разрешница, а Владата на сила турка формулација „колегијално кошкање“. Ова е срамно, но и безбедносно прашање. Но повеќе и од лажните пророци за европски вредности никој и не очекува.
Вистинска правна разрешница ќе има по изборите. Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Обвинителство наводно истражува заговор, власта и директорите на Хирургија се договараат

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија

Стоилковски: 12 директори и раководители на Хирургија збор не кажаа за колапсот

Стоилковски: На Хирургија изгаснати и компјутерите за томографија, а економскиот директор патува на Азурен брег

(ВИДЕО) Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски на 30 години стекна стан и четири милиони во банка?

(ВИДЕО) Стоилковски: Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да каже што договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и со кои пари тој е платен?

Горан Наумовски