Проектот за практикантска работа и вработување на лица со попреченост презентиран во Куманово

Од:

Проектот за практикантска работа и вработување на лица со попреченост, целите и досегашните резултати од неговата имплементација, денеска беше промовиран во Куманово.

Проектот е поддржан од УСАИД и го спроведува здружението „Моја кариера“ од Скопје во соработка со регионалните центри за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“ од Куманово и  „Хендикеп“ од Тетово.

Целта на проектот е  промоција на  практикантската работа и вработувањето на лицата со попреченост помеѓу компаниите и други заинтересирани субјекти, како и помасовно вработување на оваа категорија граѓани.

– Главната цел на проектот е да го поддржи помагањето на лицата со попреченост, преку вработување, со што се зголемува нивното партиципирање и нивниот придонес кон општеството. Многу важно е да се потенцира еднаквото учество на овие лица во општеството како и можностите кои треба да им се дадат на овие граѓани, изјави директорот на УСАИД во Македонија, Џејмс Стејн.

Проектот за практиканстка работа и вработување на лица со интелектуална попреченост ја поддржува имплементацијата на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост во Македонија.

– Во првата година од спроведувањето на проектот успеавме да реализираме дваесет вработувања на лица со попреченост од кои четири во јавните институции како што се општини и училишта. Мора да се потенцира дека освен во заштитини друштва, лицата се вработуваат и во редовни компании, вели проект-координаторот, Лилјана Дамческа, додавајќи дека преку проектот се спроведуваат и практикатски ангажмани.

Проектот во североисточниот регион се спроведува преку здружението „Порака Наша”.

– До 15 август годинава на ниво на регионот имаме седум вработувања, а од 15 август до денес уште седум вработувања, што значи дека успехот, допрва ќе се забележи. Вкупно во проектот има 20 вработувања од кои 13 во овој регион, вели претседателката на здружението, Благица Димитровска.

Претставниците на компаниите кои веќе вработуваат лица со попреченост посочуваат дека се задоволни од продуктивноста на оваа категорија работници.

– Во компанијата ангажирани се лица со попреченост и на различни места како општи работници, комерцијалисти, возачи, административци и досега сум задоволен. Евенетуалните недоследности се корегираат преку обуки, рече сопственикот на „Алфи Би Компани“, додвајќи дека од вкупно 66 вработени во неговата компанија 28 се лица со попреченост.

Проектот за практикантска работа и вработување на лица со попреченост се реализира веќе втора година, а предвидено е да заврши во август 2014 година.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра