Дел од центарот на Форт Ворт, Тексас, е затворен по експлозија во хотел. Според првичните информации, постои сомневање дека на експлозијата и претходела истекување на гас, а најмалку 10 лица се повредени.
Како што можете да видите на фотографиите и видеата, делови од столаријата и фасадата се расфрлани низ целата улица. Според последните информации најмалку едно лице е во критична состојба, додека две лица се во тешка состојба.