Скопјанец нападнал и повредил две момчиња од Кратово

Од:

Ноќеска во полиција е пријавено дека во центарот на Кратово, пред угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир од страна на А.Ј.(26) од Скопје кој физички го нападнал С.П.(21), а со остар предмет го повредил М.Д.(19), двајцата од Кратово.

„Полициски службеници излегле на местото и при обид А.Ј. да биде лишен од слобода, Д.К.(23) од с.Каврак, кратовско, физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства, а двете лица избегале со патничко возило, управувано од Д.М. од село Железница. Малку подоцна Д.К. е пронајден и лишен од слобода, известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот до инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, тврди полицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жестока тепачка во клиника во Приштина: Скандалозна снимка, хирурзите се скараа, па се испотепаа

26-годишен маж е претепан од неговата поранешна сопруга

Тепачка меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата во турскиот Парламент

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пратениците се степаа за време на церемонијата на положување заклетва во турскиот парламент

Горан Наумовски

Шестмина повредени во инцидент во Белград, малолетник се бори за живот

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово