Според листата на „Форбс“ најбогат човек на Балканот е хрватскиот бизнисмен Ивица Тодориќ. Имотот на сопственикот на „Агрокора“ се проценува на 581 милиони евра.
Второто место му припадна на Сенди Чешко од Словнија, кој се збогатил со директна продажба на стока преку телевизија, а се проценува дека има 481 милиони евра.
Како што наведуваат медиумите тој важи за скромна личност, нема ниту скретарка, ниту пак поголем имот, а на работа заминува со велосипед.
На третото место е бизнисменот од Србија, Миодраг Костиќ, чие богатство според „Форбс“ се проценува на 234 милиони евра. Неговото богатство како што пренесуваат медиумите се состои од 36 меѓусебно поврзани фирми.
Четвртото место му припадна на сопствениот на „Атлантик груп“ од Хрватска, Емил Тедески, чија фирма заработува 145 милиони евра.
Најбогат Македонец според реномираниот магазин е Минчо Јорданов кој е сопственик на фирмата Макстил, амбулантата Ремедика, клубот Металург и винаријата Стоби, а неговото богатство се проценува на околу 35 милиони евра.
Елена Георгиевска