Три лица се извлечени денеска од урнатините на станбена зграда која се урна во Рим, во експлозија за која се сомнева дека била предизвикана од истекување на гас.

A two-storey house has collapsed after an #explosion early on Saturday in Canale Monterano, a municipality near the Italian capital of #Rome. Firefighters say the collapse was probably due to a gas leak. pic.twitter.com/lidg2W71PZ
— Our World (@MeetOurWorld) January 6, 2024

Пожарникарите успеале да извлечат од урнатините брачна двојка и нивниот 18-годишен син и да ги однесат во локалната болница. Истражителите се обидуваат да утврдат што точно предизвикало уривање на зградата, а една претпоставка е дека зградата се урнала во експлозија поврзана со истекување на гас.
Според сведочењето на локалните жители во населбата Канале Монтерано, може да се почувствува мирисот на гас.