ВМРО-ДПМНЕ: Европските боксови во М-НАВ доказ за неевропските криминални банди на ДУИ и СДС

Од:

Европските боксови во М-НАВ доказ за неевропските криминални банди на ДУИ и СДС, загрозена е безбедноста на патниците кои летаат. Власта предводена од СДС и ДУИ одлучи да молчи за скандалот во Македонска навигација или М-НАВ и да одмори до 9 јануари за кога им е закажана владина седница. Тоа што е направен упад во објект од критична инфраструктура не е ништо важно.

Лицата предводени од Беким Незири влегоа во зградата на Македонска навигација ги нападнаа вработените додека ги следат слетувањата и полетувањата, како и прелетите над македонското небо, а Владата на СДС и ДУИ одлучи да молчи. Веројатно Димитар Ковачевски чека амин од ДУИ за понатамошните постапки, а можеби и тој како и директорот на М-НАВ, Фахрудин Хамиди смета дека тоа не било напад, туку „кошкање меѓу вработени“.

Власта предводена од СДС и ДУИ уште еднаш го покажа лажното проевропското лице.Да ја потсетиме Владата. Прво, зградата на Македонска навигација е објект од критична инфраструктура, од исклучителна важност за функционирањето на државата, како и за безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај. Второ, упадот во ваков објект е безбедносен скандал од меѓународни рамки. Оттука, јасно е дека станува збор за казнено дело дефинирано во Казнениот законик.

Најавената финансиска полиција која во вторник наредната недела ќе влезе во М-Нав и изведувањето на Незири и уште неколкумина други лица синоќа пред судија на претходна постапка е само игра за јавноста.

За случајот упад во М-Нав мора да реагира Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство и во најкраток можен рок да ги санкционираат учесниците во настанот.

Владата пак треба веднаш да го разреши раководството на М-Нав, а не да чека. Оставка да поднесе и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена