Левица: Две децении „проевропски“ тероризам и насилство на ДУИ овозможено од СДС и ДПМНЕ

Од:

Последните настани со упадот на бандите на ДУИ во М-НАВ повторно ја покажаа сетта деструктивност и безобзирност на оваа криминална партија која и сега како и многупати претходно ја загрози јавната безбедност. Целосната потчинетост на бескичмењаците од СДС под чизмата на сецесионистите од ДУИ и тишината на ДПМНЕ како претходно познат коалиционен партнер и понатаму не одговара на овие грозни понижувања и напади по општото добро.

Во оваа серија на противправни дејствија, пред се издвојува членот 303 од КЗ за загрозување на сообраќајот во воздушниот простор, кој вели дека тој што ќе изврши дело со кое ја загрозува или може да ја загрози безбедноста на аеродром за меѓународeн воздушен сообраќај и со намера да изврши дело на насилство против лице на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај или ги попречува услугите на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај, ќе се казни со затвор од најмалку пет години.

Бандата на ДУИ која ја предводеше Беким Незири во 2010 година од позиција ја директор истепал и избркал од работа контролор за летање кој како инструктор во М-НАВ не сакал да му потпише дека поминал обука за контролор. После ваквиот напад, ДПМНЕ го постави Незири за директор на ПИОМ (каде проневери 19 милиони евра), па го унапреди во министер за економија. Сега ДПМНЕ се згрозени од дивјаштвото на терористи кои тие ги амнестираа – а СДС им ја даде комплетната власт.

Ова е уште еден во низата примери за кадрите на т.н. “европски фронт” на СДС и ДУИ кои имаат за цел да продожат да владеат на овој начин. Дополнително, покрај големиот број на полициски службеници во Република Македонија стратешки значајниот објект на контролата на летање се обезбедува преку приватна агенција, која како и целата таа индустрија се заснова на врските со политичките партии, соопштуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица: Со предлог измените на КЗ не се враќа правдата, ДПМНЕ ја амнестира високата корупција

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ