МВР извести дека вчера во 18.37 часот во СВР Скопје, Б.Ф.(38) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба три лица одзеле предмети од неговиот дом, по што едно од лицата му се заканило со остар предмет.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.