„Гласен Текстилец“ има примено над 2.000 преставки за исплата или неисплата на К-15

Од:

„Гласен Текстилец“ до денеска има примено над 2.000 претставки од работници во приватниот секор за нецелосна исплата или воопшто не им е исплатен регрес за годишен одмор или познато како К-15, за минатата година. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ вели дека до нив пристигнати се жалби во кои се опафтени 1.420 работници за исплата на К-15 од 500 до 5.000 денари.

-Над 50 работници имаме на кои не им исплатено, кои заминале од фирмите, а им следува К-15, а имаме и над 500 претставки од работници во текстилниот, но и во градежниот сектор на кои воопшто не им е исплатено К-15, вели Ампева.

Таа посочува дека ова на терен се случува поради Колективниот договор на приватниот сектор, којшто какошто вели во него е оставено место за манипулација за висината или неисплатата на К-15 на работниците во реалниот сектор.

-За жал ден денеска можеме да слушнеме дека се прават некои спогодби за воопшто да не се исплати К-15. Во ред тоа ние така ќе го поништеме со трудовиот инспекторат доколку така милуваат работодавачите, ние ќе мора да ги поништуваме тие спогодби. Меѓутоа таму каде што има помал износ од 1.000, 2.000, 3.000 денари, за жал не може многу да се направи, вели Ампева.

Таа ја повика и Управата за јавни приходи да направи контрола во оние компании каде што воопшто не е исплатен регресот за годишен одмор. Посочува дека годинава имаат и случаи на исплата на регрес за годишен одмор под минималниот износ во првите денови во јануари, а за овие случаи треба да се утврди дали станува збор за исплата на К-15 за 2024 година или пак станува збор за регрес за годишен одмор за лани.

Би можело да ве интересира

Околу 83 до 84 илјади вработени чии што работодавач е Владата ќе добијат К-15

Ампева: „Гласен Текстилец“ даде бесплатна правна помош на 5369 работници

А1он

Ампева: Основан е нов синдикат „Гласен Синдикат за работниците“

„Гласен Текстилец”: Носењето на измените на Законот за работни односи пораз за работниците, синдикатите и за нас како организација

Ана Ололовска

„Гласен Текстилец“: Предлог-измените во Законот за работни односи на штета на работниците

Горан Наумовски

Во буџетот за 2022 не се планирани пари за исплата на К-15 за јавниот сектор, вели Бесими

Ана Ололовска