Јасновитката Пола Робертс, позната и како „Англиската визионерка“, самопрогласена експертка за натприродното, изјави дека Доналд Трамп ќе почувствува „загуба“.
Таа ја претстави својата „прогноза“ за 2024 година како гостин во емисијата „Џеси Вотерс Прајтајм“ на американската ТВ станица Фокс њуз, пишува Дејли Бист.
Пред Робертс да почне со работата, ТВ водителот Џеси Вотерс рече дека прашал друг јасновидец за судбината на Трамп и му било кажано дека оваа есен ќе се случи „голема неправда“. „Можеби нема да има ни избори“, рече Вотерс. „Затоа сакаме да слушнеме второ мислење“, додаде ТВ водителот.
this is the best thing that's ever aired on the fox news channel pic.twitter.com/pkozxjdDvq
— helena hind (@cynicalzoomer) January 3, 2024
Откако Вотерс побара од Робертс читање тарот за Трамп, јасновитката ја извлече картата „Пет пехари“. И двајцата беа прилично вџашени од картата. „Знам дека сум на Фокс…“ рече Робертс откако неколку пати почна да пелтечи.
“Чувство на загуба. Чувство за загуба, но тоа е многу специфично… Тоа е како да размислува повеќе за тоа што го изгубил и сè уште не го користи она што го има”, додаде Робертс.
Според некои толкувања, тарот картата „Пет пехари“ симболизира вознемиреност, страв, несигурност, загуба и неможност да се оди напред. Ако експерт за тарот ја извлече таа карта за време на читање, веројатно сте емоционално расеан.
Потоа Вотерс побара од Робертс да му чита тарот на актуелниот американски претседател Џо Бајден. Робертс му ја извлече картата „Девет дискови“, која симболизира надеж, храброст, исполнетост, среќа и просперитет. „Многу, многу, многу, многу пари“, рече јасновитката. „Од Кина?“, ја праша Вотерс.
Таа сепак не појасни од каде и од кого Бајден треба да ги добие овие пари.