Немало образложени причини за разрешувањето на Дамева, ниту законски одредби по кои е спроведена постапката: Управен суд ја објави пресудата

Од:

Управниот суд ја објави одлуката со која Весна Дамева треба да се врати на претседателската позиција во Судскиот совет, пресуда која повеќе од два часа на колегиум ја разгледуваат членовите на советот. Во пресудата е наведено дека одлуката содржи суштествени недостатоци.

„Одлуката е донесена врз основа на член 38 од Законот за Судскиот совет на Република С.М. ( Сл.весник на РСМ бр.102/19). Оценувајќи ја законитоста на оспорената Одлука, Судот најде дека истата е незаконита поради повреда на правилата на постапката, односно од причина што оспорената Одлуката содржи такви суштествени недостатоци што ја спречуваат оцената на законитоста на актот“, стои во пресудата.

Управниот суд образложува и дека во случајот со Дамева, нема образложени причини за разрешувањето, но и немало наведено причини зошто нејзините предлози и тврдења не биле земени предвид, а нема наведено ниту законски одредби по кои била спроведена постапката.

„Во конкретниот случај, Судот најде дека образложението на оспорената Одлука е нејасно, односно тужениот орган во истата не дал никакви образложени причини поради кои го разрешува од функција сега тужителот, не ги навел доказите врз основа на кои е утврдена фактичката состојба, посебно ниту утврдените факти, кои што согласно утврдената фактичка состојба упатуваат на донесување на онаква Одлука како што е дадена во диспозитивот на истата. Имено, во образложението на оспорената Одлука, тужениот орган само навел дека со мнозинство на гласови на членовите со право на глас била изгласана недоверба на сега тужителот како претседател на С. с., по што и била донесена Одлуката за разрешување со мнозинство гласови од присутните членови со право на глас. Во истото не се наведени ниту причините поради кои барањата, предлозите и тврдењата од сега тужителот не биле земени во предвид, ниту се наведени законски одредби, по кои била спроведена постапката која претходела на донесувањето на оспорената Одлука, со оглед на тоа дека истиот само се повикува на член 38 од Законот за Судскиот совет на Република С.М., со која законска одредба само се регулира работата на седници на Совет“, пишува во пресудата од Управниот суд.

Би можело да ве интересира

Како уште се толерираат вакви судии: Четиригодишно дете наместо на мајката, со пресуда го дадоа на таткото семеен насилник

Предраг Петровиќ

Собранието ги разреши, но одлуката е на членовите на Судскиот совет дали ќе заминат

Доколку членовите на Судски совет не постапат соодветно, можно е да им се случи народ, порача Мицкоски

Пренџов: Членот на Судски совет, Чачарова-Илиевска освен што била правна советничка на Заев, била и донатор на СДС во повеќе наврати

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми, а претходно и на Дамева

Милошоски: Демократски зрело е членовите на Судски совет да си поднесат оставки после изгласана недоверба

Предраг Петровиќ