Возач на автомобил кој превезувал канистри полни со гориво удрил во друго возило за време на новогодишен концерт во Рочестер, Њујорк, при што загинале најмалку две лица, а пет лица тешко се повредени.
Полицијата наводно пронашла проштална белешка и дневник оставени од осомничениот во хотелската соба и затоа верува дека станува збор за терористички напад, објави Си-Ен-Ен повикувајќи се на извор запознаен со истрагата.
ФБИ објави дека нивната работна група за тероризам го истражува нападот.
Осомничениот е починат. Станува збор за Мајкл Ејвери од Сиракуза, град во американската сојузна држава Њујорк, изјавиле два полициски извори за Си-Ен-Ен.
Сето тоа се случило околу 12:50 часот во понеделникот кога теренец „форд“ на пешачки пешачки премин удрил во „мицубиши аутлендер“ што излегувал од блискиот паркинг, изјави началникот на полицијата во Рочестер, Дејвид Смит на прес-конференција.
– Силата на несреќата предизвика возилата да удрат во група луѓе на пешачкиот премин, рече Смит.
Двајца патници од „мицубишито“ загинаа, а возачот е пренесен во болница и неговиот живот не е во животна опасност. Возачот на „фордот“ исто така е хоспитализиран со повреди опасни по живот, изјави началникот.
– Тројца пешаци кои беа удрени се пренесени во болница, еден со повреди опасни по живот, рече Смит.
Семејството на осомничениот верува дека Ејвери имал недијагностицирано биполарно растројство.
– На пожарникарите им бил потребен речиси еден час за да го изгаснат пожарот кој настанал по сударот. Лица од итната помош подоцна пронашол „најмалку десетина канистри со бензин во и околу возилото управувано од осомничениот“, рече началникот на полицијата.
„Продолжуваме да работиме со нашите партнери, вклучувајќи го и ФБИ, за да откриеме што точно доведе до оваа несреќа“, рече Смит.
ФБИ соопшти дека нејзината канцеларија во Бафало и помага на локалната полиција во истрагата.