ВИДЕО: Организацијата на жени го подобрува воспитно – образовниот процес во градинката „Детска радост“

Од:

Организацијата на жени од Струмица, во рамките на проектот „Во светотот на детето“ денеска додели дидактички материјали за потребите на децата во градинката „Детска радост“ во Струмица. Целта на проектот е подобрување на воспитно – образовниот процес во оваа установа.

„На барање на воспитувачките и оваа година продолживме со реализација на проектот повторно со финансиска поддршка од општина Струмица бидејќи лани беа детектирани материјалите кои што им се потребни за сето теоретско знаење да го вклучат практично во активностите, еве денеска се собравме да им ги доставиме материјалите се со цел да можат дечињата да бидат вклучени во воспитниот процес на градинката.

strumica-gradinki (2)

– Во натамошната фаза од проектот следуваат работилници од страна на врвни професори од факултетот за образовни науки при универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип кои и лани ни беа партнери во проектот. Што значи ќе продолжиме со обуките се со цел на крај да направиме еден креативен наставен план кој ќе му послужи на целиот воспитен кадар во градинката каде секое дете ќе може во согласност со способностите, афинитетите и можностите да биде вклучено во воспитниот процес на градинката „Детска радост“, рече Ленче Христова од Организација на жени Струмица.

Според воспитувачите, стекнатите знаења и искуства преку овој проект, им помогнале многу во реализацијата на воспитно – образовниот процес во градинката.

strumica-gradinki (3)

„Јас бев учесник во проектот кој се одржа минатата година од Организацијата на жените, а финансиран од општина Струмица. Ние, воспитувачите, од овој проект стекнавме нови искуства и знаења кои што ни служат при реализирањето на воспитно – образовниот процес во нашата установа. На наше барање, поднесовме иницијатива овој проект да продолжи и оваа година бидејќи  обуките и предавањата од ваков тип се доста корисни за нас, воспитувачите во градинката“, рече Павлинка Забекова воспитувач во градинката.

Инаку, овој проект со 100 илјади денари е финансиски поддржан од буџетот на општина Струмица во рамките на програмата за социјална заштита.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење