Џејмс Борн доживеа несреќа која ја сподели со своите фанови. Музичарот од бендот „Бустед“ итно е хоспитализиран откако го каснал пајак црна вдовица.
Борн ги загрижи своите фанови кога на својот Инстаграм профил сподели непријатно искуство што го доживеа. Пејачот кој стои зад хитот „Year 3.000“ објасни како не бил свесен за сериозноста на ситуацијата додека лекарите не одбиле да му дадат инфузија поради екстремно висок крвен притисок. Како што вели, кога отишол во болница, притисокот што му бил измерен бил 190/115.
„Конечно се опоравив од моето каснување од црна вдовица (чукнете во дрво). Не знаев колку сум во лоша состојба додека не одбија да ми дадат инфузија во локалната болница. Ми рекоа дека сум хипертензиичен и дека мојот крвен притисок е 190/ 115 Синоќа мораа да ме примат во болница… Се на се, тука сум. Жив сум, се движам. Каква приказна брат…“ изјави музичарот, со објава што покажува како изгледа пајакот за кој зборува, а потоа и каснувањето од него на раката.