Обвинител бара да се премести синот на Гадафи во Триполи

Од:

Либискиот државен обвинител бара синот на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, Сеиф ал Ислам да се премести од Зинтан во Триполи за да се приклучи во групата од 30-те функционери на поранешниот режим, на кои ќе им се суди за кривични дела за војната од 2011 година.

Обвинителот Абдулкадер Радван истакна дека веќе е испратен налог за трансфер на Ислам и дека до сега нема пречки тоа да се направи.

Како што пренесе „Франс прес“ во текот на ноќта траеле преговори за неговиот трансфер во Триполи.

Помеѓу групата на поранешни функционери е и некогашниот шеф на известувачката служба, Абдулах ал Сенсуси, премиерот Багдад ал Махмуд и Мансур Дав, кој ја предводеше Народната група.

Моамер Гадафи беше убиен во родното место Сирт, во октомври во 2011 година. Неговиот син Сеиф ал Ислам е уапсен наредниот месец во планинската област Зинтан.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски