Го киднапирале и силувале за долг од 150 евра – кривична за двајца скопјани

Од:

Двајца скопјани на возраст од 22 години добија кривични пријави за случајот со нападот на момче во парк шумата во Гази Баба.

На 2 декември, обвинетите на свиреп начин киднапирале лице кое наводно им должело 150 евра. Го однеле во Парк шумата Гази Баба, го соблекле и му ја запалиле облеката и личните работи, а потоа присилно извршиле и други полови дејствија кон него.

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против двајца 22-годишни скопјани за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 1, како и Противправно лишување од слобода според член 140 став 5 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

До Основниот кривичен суд Скопје доставен е и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.

Би можело да ве интересира

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга

Почина американскиот новинар кој седум години беше заложник во либанската граѓанска војна

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати