Бектеши: Ништо нема да се менува во повиците за универзалниот снабдувач и за Чебрен, ниту постои грчка инвазија во македонскиот енергетски сектор

Од:

Нема да има измени во повиците за универзалниот снабдувач и за Чебрен. Ако некој потпише таков договор, за измена на јавните повици, ќе подлежи на кривично дело и тука веќе ќе имаат работа судството и обвинителството, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Во однос на универзалниот снабдувач, како што објасни Бектеши, условите и критериумите се утврдени на владина седница, веќе е формирана Комисија и нема да се менува ништо. И во однос на Чебрен, Владата одлучила да не се менува ништо, па доколку компанијата се согласува со тие критериуми, има шанси до 31 декември да го потпише договорот, а ако не, тогаш би требало да се активира банкарската гаранција која е дадена согласно првично доставените критериуми.

Одговорајќи на новинарски прашања, Бектеши истакна и дека нема инвазија на грчки фирми во македонскиот енергетски сектор. Напротив, напомена, според податоците на Министерството за економија, во енергетиката повеќе инвестираат домашните компании, посебно во делот на обновливите извори на енергија.

Во однос, пак, на вработувањата во ЕСМ, Бектеши појасни дека станува збор за трансформација на работните места од определно на неопределно време.

-Измени на јавниот повик за универзален снабдувач не може да се случат, тие се утврдени на владина седница и формирана е Комисија. Такви измени нема да се направат. Главната измена во моментот кога се објави повикот е дека не може да се дава процент поголем од 11,5 отсто, процент кој е постоечки од универзалниот снабдувач. Убеден сум дека со транспарентност и начинот како е објавен повикот, тој процент ќе биде под 10 отсто. Тие што ги исполнуваат условите, се повикани да учествуваат на повикот, а измени на криетриумите нема да има, подвлече министерот.

Тој, како што рече, нема информации за наводна грчка инвазија во земјава.

-Северна Македонија има отворена, транспарентна економија, и јавни повици отворени за сите заинтерсирани страни согласно критериумите и потребите на државата. Компаниите кои ги исполнуваат критериумите и барањата од страна на државните институции или фирми, можат да учествуваат на повиците, но дека има грчка инвазија не би согласил, ниту би се согласил дека може да се случи. Со Грција имаме одлични односи во делот на економската соработка, а дали тоа би се случило и во делот на енергетиката ќе зависи од критериумите, рече Бектеши.

За Чебрен, Бектеши повтори дека во повикот нема да има никакви промени.

-Имајќи предвид дека условите се наведени кога е објавен повикот за Чебрен, одлучивме ништо да не се менува. Како што важи за универзалниот снабдувач, така важи и за Чебрен. Ако компанијата се согласува со тие критериуми, има шанси до 31-ви да го потпише договорт, а ако не, тогаш би требало да се раскине договорот иако тој не е потпишан, но ќе се активира банкарската гаранција која е дадена согласно првично доставените критериуми. Немам информации за приватни компании, туку за тоа што треба да направат институциите кои работат согласно јавните повици. Тој што би потпишал таков договор, за измена на јавните повици, ќе подлежи на кривично дело за што ќе имаат работа судството и обивнителството, дециден е Бектеши.

Тој на прес-конференцијата во Владата информира и дека Министерството за економија ќе предложи сите инвестиции во југозападниот регион на државата, каде се лоцирани најголемиот број термоелектрани, да бидат дополнитело поддржани од државата. Целта е, рече, да бидат регрутирани сите граѓани од тој регион, да нема невработени, со оглед на определбата за зачувувување на животната средина и зелената транзиција.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Мицкоски излажа за Чебрен и продолжува со приватните интереси

Мицкоски на средба со Гренел: САД би можел да инвестира во „Чебрен“

Шукова: Во подготовка е одлуката за поништувањето на постапката за Чебрен

Предраг Петровиќ

Бесими: Не е реално да се очекува нов тендер за Чебрен пред избори

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Шукова: Тендерот за ХЕЦ Чебрен пропадна