Претставка од Здружението на инженери на Македонија до претседателот Пендаровски во врска со Чебрен

Од:

Здружението на инженери информираше дека доставило претставка до Претседателот на Македонија – Стево Пендаровски во врска во Чебрен.

Во продолжение, текстот од претставка:

Почитуван Претседател на Република Македонија, Врховен командант на вооружените сили на Македонија и Претседател на Советот за безбедност на Република Македонија,

Ви се обраќаме со барање во рамките на вашите можност и законски надлежности да го спречите загрозувањето на :

· Суверенитетот на државата определен со членот 1 од Уставот,

· Територијалната целина на државата определена со членот 3 од Уставот,

· Основите на економските односи определени со членовите 56 и 57 од Уставот и

· Уредувањето на територијата за потребите на одбраната предвидени со Планот за одбрана на Републиката согласно одредбите од Законот за Одбрана, кое би се случило со евентуалното доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река на PUBLIC POWER CORPORATION S.A. – Greece & ARCHIRODON GROUP N.V. Greece кој со нашата ЕСМ требал да основа Друштво за посебна намена.

Ние во рамките на нашите граѓански можности се обративме со претставка до:

· Уставниот суд на Република Северна Македонија,

· Државното правобранителство,

· Државната комисија за спречување на корупцијата,

· Државниот завод за ревизија,

· Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и

· Министерство за финансии – Биро за јавни набавки

и истата Ви ја доставуваме во прилог на ова барање.

Како Врховен командант на вооружените сили на Македонија и Претседател на Советот за безбедност на Република Македонија сметаме дека треба да преземете соодветни мерки бидејќи со евентуалното давање на 70 годишно владеење на контролата на водотекот на Црна Река на странска држава, а фирмата ППЦ е грчка државна фирма идентично со нашата АД ЕСМ, се загрозува одбраната на државата согласно Стратегијата за одбрана на Републиката, Планот за одбрана на Републиката и Процената на можните воени и други опасности со кои се загрозува суверенитетот, самостојноста и територијалниот интегритет на Републиката – документи кои Вие ги донесувате.

Од Вас како претседател, бараме да постапите по оваа наша претставка и да ги преземање сите потребни дејствија и мерки за да се спречи повредата на јавниот интерес и одбраната на Републиката

Би можело да ве интересира

Сиљановска води повеќе од двојно пред Пендаровски, покажуваат бројките на ВМРО-ДПМНЕ

Пендаровски: Мицкоски е политички наследник на Ванчо Михајлов

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Катерина Ѓуровски

Претседателската дебата на МТВ ги скара кандидатите на социјалните мрежи

А1он

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

Пендаровски со честитка по повод 1 мај: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава

А1он