Зечевиќ шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ, дополнителен заменик во МВР ќе биде Бојмацалиев

Од:

Владејачката СДСМ на денешната седница Централниот одбор одлучи дополнителен заменик министер за внатрешни работи да биде Митко Бојмацалиев, кој во моментов е шеф на кабинетот на Оливер Спасовски. Шеф на Централниот изборен штаб пак, ќе биде генералниот секретар Миле Зечевиќ.

„Врз основа на иницијативата за широк Европски фронт, Централниот одбор на СДСМ го овласти претседателот Димитар Ковачевски да формира работна група и да разговара со сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, сите оние кои го поддржуваат европскиот пат и иднината на земјата ја гледаат како полноправна членка на Унијата да се приклучат и заедничка соработка околу остварување на стратешката цел: членство во ЕУ. Централниот одбор го утврди Јован Митрески за кандидат на СДСМ за Претседател на Собранието до завршување на мандатот на парламентарниот состав 2020-2024 година. Врз основа на статутарните надлежности, членовите на Централниот одбор донесоа Одлука за утврдување на кандидати за Министри, Заменици министри и Дополнителни заменици министри во Техничката влада на Република Северна Македонија од редовите на СДСМ.
-Кандидат за Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење Централниот одбор ја утврди Славица Грковска.
-Кандидат за Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции е избран Фатмир Битиќи.
-Кандидат за Заменик на Претседателот на Владата за европски прашања е избран Бојан Маричиќ.
-Кандидат за Министерка за култура е избрана Бисера Костадиновска Стојчевска.
-Кандидат за Министерка за животна средна и просторно планирање е избрана Каја Шукова.
-Кандидат за Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е избран Љупчо Николовски.
-Кандидат за Министер за транспорт и врски е избран Благој Бочварски.
-Кандидатка за Министерка за обрана е избрана Славјанка Петровска“, велат од СДСМ.

Од таму соопштуваат дека ги избрале и кандидатите за заменици министри кои во техничката влада и припаѓаат на владејачката партија.

„Централниот одбор утврди и кандидати од СДСМ за заменик министри:

-Викторија Аврамовска Мадиќ, Заменик министерка за правда.
-Маја Манолева, Заменик министерка за здравство,
-Александар Бајдески, Заменик министер за информатичко општество и администрација.
-Филип Николовски, Заменик министер за финансии.
-Мики Крстев за заменик министер за локална самоуправа.
-Кандидат за дополнителен заменик министер за внатрешни работи Централниот одбор на СДСМ го утврди Митко Бојмацалиев, актуелен Шеф на кабинет на министерот Спасовски.
-Кандидат за дополнителен заменик министер за труд и социјална политика ја утврди Јована Тренчевска, претседателка на Форум на жени и актуелна министерка.
Техничката Влада е законска обврска и сите партии треба да ја испочитуваат оваа законска обврска, да учествуваат во изборниот процес, без калкулации“, стои во соопштението на СДСМ.

Партијата одлучила претседавач на Централниот одбор да биде Славјанка Петровска, а донесена е и одлука за свикување на Конгрес, на кој ќе се утврдуваат кандидати за пратеници од СДСМ.

„За Шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ, Централниот одбор го избра генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски. СДСМ е подготвена и на изборите оди на двојна победа на претседателските и парламентарните избори. СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат за претседател и ќе ја формира идната проевропска Влада. За претседавач со Централниот одбор на СДСМ е избрана Салавјанка Петровска, којашто заедно со Дашмир Афети од Желино се избрани и за нови членови на ЦО. Централниот одбор на СДСМ го утврди Правилникот и роковникот за постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидат на СДСМ за Претседател на Република Северна Македонија на претседателските избори во 2024 година, како и Правилникот, роковникот за постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидати за пратеници на СДСМ во Собранието на Република Северна Македонија. Донесена е Одлука за свикување на Дваесет и седмиот Конгрес на СДСМ за утврдување на кандидат на СДСМ за Претседател на Република Северна Македонија како и Одлука за свикување на Дваесет и осмиот Конгрес на СДСМ за утврдување на кандидати за пратеници на СДСМ во Собранието на Република Северна Македонија за парламентарните избори во 2024 година“, соопштуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство