(ВИДЕО) Димковски: Со СДСМ има повеќе за сите, нови 20 милиони евра поддршка за земјоделците и авансна исплата на субвенциите

Од:

СДСМ е партнер на земјоделците и обезбедува повеќе за сите земјоделци. Владата предводена од СДСМ обезбеди нови 20 милиони евра дополнителна поддршка за македонските земјоделци до крајот на годината. За прв пат досега, до крајот на годината започнуваме со авансна исплата на субвенциите во висина од 30%, нагласи Трајан Димковски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

– Ова е примена на новиот модел на субвенционирање. За 40.000 земјоделци ќе бидат исплатени 750 милиони денари! Согласно денеска донесените владини одлуки, авансна исплата од 30 проценти на субвенциите ќе добијат и лозарите, нешто што не се случило никогаш досега. СДСМ овозможи со воведениот нов модел за субвенции, да има навремена поддршка на лозовите насади, тогаш кога им е најпотребна на лозарите.

Како што ветивме пред лозарите обезбедивме мерка за поддршка поради претрпени штети по родот. Субвенциите за лозарите СДСМ ги зголемува од 40.000 денари по хектар на 52.000 денари по хектар. Дополнително креиравме и нова мерка за поддршка на лозарите за произведено винско грозје предадено во регистрирани капацитети за производство на вино во износ од 1 денар по килограм. Со СДСМ земјоделците добиваат повеќе, со СДСМ има повеќе за сите.

Би можело да ве интересира

Димковски: Започна ИПАРД 3 програмата, 97 милиони евра од ЕУ за модернизација на македонското земјоделство

Спасовски: Проектот за наводнување на јужната долина на Вардар значаен за развој на земјоделството

А1он

Димковски: Пандемијата ги покачи откупните цени на оризот

А1он

Димковски потврди дека концесионерот на Охридското езеро ловел со мрежи и ги кршел законите