Финансиската полиција в понеделник влегува во Град Скопје

Од:

Финансиската полиција во понеделник влегува во Град Скопје во врска со набавката за новогодишното украсување на главниот град.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска информираше дека украсувањето на главниот град ќе чини 30 илјади евра, многу помалку во споредба со другите години.

По забелешките во јавноста за новогодишното украсување во Скопје и реакциите дека не е објавен тендер, Од Град Скопје излегоа со информација дека украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој бил објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици.

– Ова неколкупати досега е кажано, образложено во детали и транспарентно презентирано на јавноста. Оттука, секоја друга останата „вест“ е обид за манипулација, сензационализам и шпекулации, информираа од Град Скопје.

Во меѓувреме, поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов преку статус на „Фејсбук“ побара оставка од градоначалничката Арсовска. Според него, Скопје се наоѓа во процес на целосна девастацијаи предлага на пролет да има избори и за Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Стевчо вети катни гаражи, ама не направи ниту една, сега пак ги ветува истите

Ѓорѓиевски: Аеродром добива нов кружен тек, нов мост и уште многу други инфраструктурни проекти

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

ЈСП има нафта уште за денеска

Пуцко Петрол не доставува нафта за ЈСП: Уценетиот Асмир Јахоски учествува во креирањето хаос, обвинува Град Скопје

Катерина Ѓуровски