Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да помогне да се намали недостигот во Појасот Газа, кој ги попречи хуманитарните напори и спасувањето на повредените по израелските напади, рече Зедан Калаф, советник за човекови права на ирачкиот премиер Мохамад Шија ал-Судани.
Ирачкиот танкер со товар од 10 милиони литри го напушти пристаништето во Басра и се упати кон Суецкиот канал.
– Танкерот пренесува помош наменета за Палестинците во Газа и владата на Ирак има намера да испрати дополнителна помош во иднина, рече Калаф, пренесе Ројтерс.
Според податоците, 19.000 Палестинци се убиени во Појасот Газа од 7 октомври, кога милитантната група Хамас го нападна Израел, наводно убила 1.200 и заробила 240 лица од територијата на Израел, пренесува Танјуг.