Министерот Николовски ги додели договорите за поддршка на планските региони – 6,1 милиони денари за подобрување на пристапот до обработливи површини

Од:

Министерот за земјоделство, шумaрство и водостопанство, Љупчо Николовски денска на претставниците од планските региони ги додели договорите за поддршка од програмата за капитални субвенции за развој на планските региони за 2023 година.

Вкупно 6,1 милиони денари поддршка, се обезбедува за реализација на капитални проекти во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот и Североисточниот плански регион, преку програмата за капитални субвенции за развој на планските региони за 2023 година. Оваа програма има за цел имплементација на проекти за подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност.

Согласно програмата, министерството распиша јавен повик, на кои можеа да аплицираат сите плански региони, кои се и директни корисници на оваа програма. Максималниот износ на поддршката по корисник е 4.265.000 денари од вредноста на прифатливите трошоци на проектот. Како прифатливи трошоци се земаат трошоците за изведба и надзор за проекти, кои ќе имаат за цел подобрување на патната инфраструктура во подрачјата со земјоделска дејност и обработливи површини.

Во Југоисточниот плански регион со 2.725.092 денари се дава поддршка на проектите:

-санација на полски пат во општина Василево, во должина од 1100 метри
-реконструкција и санација на полски пат во општина Богданци, во должина од 730 метри
-реконструкција и санација на полски пат во општина Босилово, во должина од 1000 метри
-реконструкција и санација на полски пат во општина Струмица

Во Вардарскиот плански регион со 1.612.594 денари се дава поддршка на проектите:

-уредување на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во општина Росоман, во должина од 500 метри
-реконструкција на пристапен пат до земјоделско земјиште во општина Неготино во должина од 600 метри

Во Пелагонискиот плански регион со 1.217.836 денари се дава поддршка на проектите:

-реконструкција на полски пат во општина Могила, месност Долни Лозја во должина од 1018 метри
-реконструкција на полски пат во општина Кривогаштани, Босја Бара во должина од 1300 метри.

Во Североисточниот плански регион со 632.244 денари се дава поддршка на проектот:

-реконструкција на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во општина Старо Нагоричане, во должина од 950 метри

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Николовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски