Јаревски: Ковачевски да каже дали Јакимовски од него барал одземање на ингеренциите за со одлука на Влада да се бетонизира кај „Алумина“

Од:

Димитар Ковачевски да не се крие и да каже дали Стевчо Јакимовски од него барал одземање на ингеренциите, за без пречка да може да си го бетонизираат Карпош? Ковачевски да каже дали со Јакимовски разговарале како да го заобиколат Советот, и спротивно на волјата на карпошани да овозможат градење на висококатниците кај „Алумина“ вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.

– Стевчо Јакимовски вчера ја одмолче средбата со Ковачевски. Очигледно коалицијата за бетонизација кај „Алумина“ работи под силна пареа. Поради бизнис интересот на власта, Карпош ќе се бетонизира и ќе се претвори во тесно грло, сообраќајот ќе се отежни и ќе се наруши квалитетот на живеење во оваа општина. Ниту на Ковачевски ниту на Јакимовски не им е гајле што од најзелената општина Карпош ја претвораат во бетонска џунгла. Апелираме и до Ковачевски и до Јакимовски да не си играат со волјата на карпошани и да не се обидуваат да го бетонизираат Карпош, рече Јаревски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски