Затвореници во Германија одбија амнестија, сакаат Божиќ да го поминат во затвор

Од:

Повеќе од 670 затвореници беа рано ослободени од германските затвори и можат да го прослават Божиќ дома. Но, божиќната амнестија, како што јави ДПА, ја искористиле одреден број затвореници.

Затворениците, кои и онака би биле ослободени на крајот на годината, може да бидат амнестирани според законот, но има и такви кои одбиле предвремено ослободување и сакаат Божиќ да го поминат во затвор. Меѓу нив има и четворица затвореници во Долна Саксонија кои, според Министерството за правда во Хановер, одбиле предвремено ослободување.

Најголем број помилувања, како и минатата година, имаше во покраината Баден-Виртемберг, каде веќе во средината на ноември 200 осуденици можеа предвреме да ги напуштат затворите.

Божиќната амнестија се заснова на идејата дека предвременото ослободување за време на божиќните празници треба да ја олесни реинтеграцијата во општеството.

Условите за предвремено ослободување се строги.

Право на амнестија имаат само затворениците кои не поминале лошо во затвор и кои не биле осудени на долги казни. Затворениците кои излегуваат порано обично се осудени за кражби или дела поврзани со дрога.

Би можело да ве интересира

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот