Снопче: Пендаровски ни е сојузник во борбата против корупцијата и криминалот и за реформирање на судскиот систем

Од:

Пратеникот Халил Снопче од Алијанса за Албанците денеска оцени дека во претседателот Стево Пендаровски тие имаат сојузник во нивниот ангажман во борбата против корупцијата и криминалот и за реформирање на судскиот систем.

-Значи, експлицитно претседателот кажа тоа што ние сме кажале не еднаш туку десетици пати и преку што нашиот министер за правда исто така се залагаше. Ова е моја констатација, рече Снопче.

Изрази задоволство што Пендаровски во обраќањето пред пратениците апелирал до следниот собраниски состав да се залага за заминување на сите обвинители и судии за кои има сомнежи дека несовесно ја завршуваат работата, што кореспондира и со нивното залагање.

Снопче порача дека кога станува збор за меѓуетничките односи, Пендаровски во својот говор требало да го искаже својот став „за оттргнување на процентот 20 отсто со кој се дефинира албанскиот јазик“, да го спомене случајот во училиштето во Чашка, како и случајот со еколошкиот проблем и копањето во Коњаре.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Директорот Мемеди призна дека продолжува да го загрозува здравјето на децата во клиниката

Алијанса за Албанците: Власта се обидува да го партизира Советот за медиуми преку партиски кадри

Горан Наумовски

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари

Алијанса за Албанците: ДКСК да отвори постапка за Изет Меџити, ги злоупотребува државните канцеларии

Алијанса за Албанците: Власта се предаде, паднаа лагите, а саботажата на Коридорот 8 пропадна

Горан Наумовски

АА: Укинувањето на балансерот е антиалбанска политика