Инженери на Македонија: Водата е добро на сите граѓани, за тендерот за Чебрен требало да се распише референдум

Од:

Со јавниот повик за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од страна на Владата и прифаќањето на понудата на грчка компанија да ја гради Чебрен, загрозен е суверенитетот на земјата, објаснија Инженери на Република Македонија во доставената претставка до Уставниот суд, Државното правобранителство, Државна комисија за спречување на корупцијата, Државен завод за ревизија, Јавно обвинителство и до Бирото за јавни набавки.

„Ние, група граѓани забележавме бројни суштински, правни, економски и стручно-научни недостатоци во постапката при подготовката и реализацијата на Јавниот повик за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија и бараме да се замрзне процесот за потпишување на договор за Јавно-приватно партнерство додека не се истражат, потврдат или отфрлат нашиве сомневања дека процесот на подготовка на тендерската документација, самата тендерска документација и процесот на подготовка на понудата се водат на начин да се фаворизира студија изработена од компанијата Ексергија од Грција, а договорот е со грчката државна компанија PUBLIC POWER CORPORATION S.A. и ARCHIRODON GROUP N.V“ стои во објаснувањето на Инженери на Република Македонија потпишано од десетина еминентни експерти од македонските универзитети.

„ Како е воопшто приготвен тендер без референдумско изјаснување? Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните“ (член 2 од Уставот). За располагање со добра од општ интерес кои тангираат повеќе генерации во иднина мора да се решава со референдум!

Дали е обработена областа “Одбрана на државата” низ призма на Законот за Одбрана? Се доделува во владеење на странска држава (фирмата ППП е државна фирма идентично со АД ЕСМ) во период од 70 години, на подрачјето на Мариово, со контрола на водотекот на Црна Река?

Како е прифатено да се распише тендер единствено врз основа на фисибилити студија? Потребно е да постои Основен проект, или барем идеен проект на решението!

Како е можно надлежното Министерство ЖСПП при Јавен повик за концесија за користење на вода, воопшто да не се предвидат кои се количините на вода кои треба да бидат резервирани како вода за пиење, за наводнување, за индустрија? А го доделуваат овој проект 70 години владеење на Грчка компанија (10 изграба и 60 концесија).

Дали некој воопшто размислувал да ПРОЦЕНИ какви се потребите за вода после 35 години?
Како е можно да не се дефинира во тендерската документација динамика на користење на водата? Причина: Потреба за вода за наводнување е во летен период, што значи да се акумулира во зимски и пролетни месеци, што е спротивно со потребата за електрична енергија.

Дали е донесена соодветна одлука за учество во ЈПП на АД ЕСМ пред усвојувањето на тендерската документација? (Сл.В. 13/2020 Член 5 Став 2)? Ние немаме пристап до таков документ.

Дали е приготвен договор за Заедничко вложување кој е составен дел од тендерската документација пред нејзиното усвојување со кој се предвидени како обврска на АД ЕСМ (Сл.В. 13/2020 Член 5 Став 2)? Ние немаме пристап до таков документ.
Дали не е сомнително дека однапред се договорени “влезните донации“ кои ќе ги додели Владата на очекуваниот “победник“ на ово ј тендер, кој што сеуште не е објавен?

“Комисијата“ во тендерската документација, без одлука на Влада ги менува условите од претходните одлуки: во тендерот стои: “ (iii) Ексклузивно право да ја управува и одржува ХЕЦ “Тиквеш“ (со инсталиран капацитет од 116MW) три месеци по започнувањето со работа на ХЕЦ Чебрен.“

Не е природно во тендерска документација одредбите да бидат условни (кондиционал) а не јасно дефинирани, со што при повеќе понуди (а не само една како во овој случај) можни се различни решенија т.е. во текстот стои “ (ii) …и брана “Орлов Камен” (со можност за хидроелектрична централа)“! Таа можност е искористена.

Во документацијата стои: “Јазик на документите за учество во претквалификацијата ќе биде англиски.“ Според Законот за употреба на јазиците – Македонскиот јазик и кириличното писмо се обврска за службена употреба. Или не е така? Веројатно и затоа се користи терминот “инпут“ во текстот (Македонскиот јазик е бетониран, така?)
Како е можно да не се одбие понуда чија вредност е двојно повисока од индикативната која е наведена во тендерот? Во документот стои: “Индикативната инвестициона вредност на ХЕЦ Чебрен и брана Орлов Камен е проценета на 570 милиони Евра“, прашуваат инженерите.

Концесијата за користење на вода за производство на електрична енергија од точка 1 од оваа одлука се доделува за период од 60 години од денот на склучување на договорот за концесија.

„Во согласност со Член 39 од Закон за концесии и други видови на јавно приватно партнерство ПРЕТХОДНО НЕ Е ДОНЕСЕН ПОСЕБЕН ЗАКОН за да се донесе одлука за концесија во траење над 35 години: “Договорите предвидени со овој закон се склучуваат за период до 35 години сметано од денот на склучувањето на договорот, односно од денот на влегувањето во сила на договорот, ако овој датум се разликува од претходниот, доколку со посебен закон поинаку не е предвидено.“

Во Законот за води постои можност да се додели концесија за користење на водата до 70 години (член 57 став 1 точка 1).
При Доделување на концесија по пат на јавен конкурс и исклучоци (Член 55 од Законот за води) насочува : “Концесијата се доделува по пат на јавен повик организиран и спроведен во согласност со одредбите од Законот за концесии и јавно приватно партнерство.“

Од тука следува дека одлуката на Владата не е валидна додека не се донесе, евентуално, посебен закон за одобрување концесија во траење од 60 години.

Во Тендерската документација, во делот 1.1. Предмет, дефинирано е : “ Проектот ќе биде структуриран како концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна река и учество во јавно-приватно партнерство, при што најдобриот понудувач ќе формира проектна компанија со АД ЕСМ.“

И во овој случај, во сила е Законот за концесии, и не може таа компанија да биде со траење подолго од 35 години.

После првата претквалификациона фаза, во втората фаза останува само една компанија со комплетна документација. Да се провери дали е исполнет потребниот услов за регуларно учество со само еден понудувач.

Според нас, 4 години подготовка и евалуација на тендерска документација е во најмала рака неразумен и длабоко сомнителен.

Од Вас како надлежни органи, бараме веднаш да постапите по оваа наша претставка и да ги преземање сите потребни дејствија и мерки за да се спречи повредата на јавниот интерес“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Мицкоски излажа за Чебрен и продолжува со приватните интереси

Мицкоски на средба со Гренел: САД би можел да инвестира во „Чебрен“

Шукова: Во подготовка е одлуката за поништувањето на постапката за Чебрен

Предраг Петровиќ

Бесими: Не е реално да се очекува нов тендер за Чебрен пред избори

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Шукова: Тендерот за ХЕЦ Чебрен пропадна