Екстремен студ во Сибир: Температурата во Краснојарск падна на -50°C

Од:

Температурите на воздухот во рускиот град Краснојарск се спуштаат до минус 50 Целзиусови степени, а локалните власти ги затворија училиштата поради екстремниот студ во овој сибирски регион.

Дневните температури на воздухот во Краснојарск се просечно околу минус 35 степени Целзиусови, а ноќе се спуштаат до минус 50.

Училиштата се привремено затворени, а маглата ја намалува видливоста и го отежнува сообраќајот. Поради големиот студ и маглата исчезна големиот сообраќаен метеж.

Краснојарск е главен град на истоимениот регион во Русија, на горниот тек на реката Јенисеј и на Транссибирската железница.

Тој е еден од најголемите културни и индустриски центри на Сибир, а познат е и по производството на локомотиви, комбајни, челични конструкции, градежни материјали, цемент, кожа, гума, синтетички влакна, целулоза, хартија, свила, електротехнички уреди и фармацевтски производи.

Би можело да ве интересира

Утре повремен снег претежно во западните делови

Снег паѓа во северозападна Хрватска

На Јахорина паднаа 30 сантиметри снег, се очекуваат нови врнежи

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

Ангелов тврди дека институциите нема да бидат изненадени од снегот

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски