Телевизискиот водител Скот Ингланд пред неколку дена се појави во рингот и дебитираше во професионалниот бокс, но ништо не одеше според планот, бидејќи беше брутално нокаутиран од неговиот противник Џејшаун Хантер.
58-годишниот водител беше брутално нокаутиран за помалку од една минута за време на неговата прва професионална пресметка.
Ингланд тргна да се бори против Хантер, кој е 35 години помлад од него, но доживеа вистинско фијаско. Иако остарениот водител тргна во офанзива, го пресретна десно кроше, а потоа уште еден удар со кој Хантер го патосираше.
59 YEAR OLD PROFESSIONAL BOXER MAKING HIS DEBUT GETS DRILLED WITHIN TEN SECONDS‼️ pic.twitter.com/DSno2RNTau
— Boxing Kingdom (@BoxingKingdom14) December 6, 2023
Откако стана со помош на јажињата, борбата продолжи, но Хантер не покажа милост додека упати уште неколку удари на Ингланд.
Кога видоа дека ситуацијата е безизлезна, од аголот на Ингланд му сигнализираа на судијата да ја прекине борбата која траеше само 47 секунди.
Инаку, Хантер пред оваа борба имаше серија од пет порази и ја оствари првата победа во кариерата.
„Постои стих во Библијата кој вели: „Младите мажи ќе имаат визии, а старците ќе сонуваат соништа“. Кога бев млад, имав желба да станам професионален боксер. Господ Бог му дозволи сонот на овој старец да се оствари. Заврши ли како што се надевав? Не, по ѓаволите! Добив нокаут пред целиот свет! Дали се каам за нешто? Апсолутно не!“, изјави Ингланд.
За утеха, Ингланд влезе во историјата како најстариот боксер во полутешка категорија во светот.